Билатерални односи со Руска Федерација


Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација се воспоставени на 31 јануари 1994г.  


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Спогодба за трговија и економска соработка, склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација“

  • склучена во Скопје на 28 мај 1993 година,
  • во сила од 28 октомври 1994 година

2. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на културата, образованието и науката“

  • склучена на  26 јули 1995 година
  • во сила од 19 декември 1995 година             

3. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија  и Владата на Руската Федерација за меѓународен патен сообраќај“

  • склучена во Скопје на 21 октомври 1997 година
  • во сила од 10 јули 1998 година

4. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за поттикнување и заемна заштита инвестиции“

  • склучена во Скопје на 21 октомври 1997 година
  • во сила од 9 јули 1998 година

5. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија  и Владата на Руската Федерација за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал“

  • склучена , во Скопје на 21 октомври 1997 година
  • во сила од 5 јули 2000 година 

6. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за економско-техничка соработка во енергетиката, сообраќајот, водостопанството и земјоделието и во нестопанските дејности“

  • склучена во Скопје на 21 октомври 1997 година, 
  • во сила од  15 октомври 1998 година

7. „Спогодба за соработка во областа на заштитата на животната средина и природата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација“

  • склучена во Москва на 27 јануари 1998 година
  • во сила од  8 мај 1998 година

8. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на  Руската Федерација за соработка и взаемна помош во царинските работи“

  • склучена во Москва на 27 јануари 1998 година
  • во сила од 10 јуни 1998 година

9. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на  Руската Федерација за редовен воздушен сообраќај“

  • склучена во Москва на 22 март 2001 година, 
  • во сила од 13 март 2002

10. „Конзуларна конвенција меѓу Република Македонија и Руската Федерација “ 

  • склучена во Москва на 14 јануари 2003 година, 
  • во сила од 02 јануари 2006 година

11. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на ветерината“

  • склучена во Москва на 16 октомври 2003 година
  • во сила од 21 април 2005 година

12. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за воено-техничка соработка.“

  • склучена во Москва на 16 октомври  2003 година
  • во сила од 21 март 2005 година

13. „Меморандум меѓу Владата на Рускaта Федерација и Владите на Република Македонија, БИХ, Република Хрватска, Република Словенија, Србија и Црна Гора за регулирањето на заемните финансиски побарувања по пресметките во врска со стоковната размена меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ' 

  • склучен во Москва на 17 септември 2003 година 
  • во сила од 20 јануари 2006 година 

14. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на карантинот и заштита на растенијата.“

  • склучена во Москва на 16 октомври 2003 година
  • во сила од 29 јануари 2006 година 

15. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за услови на заемни патувања на државјаните на Република Македонија и на Руската Федерација“

  • склучена во Скопје на 19 јуни 2008 година
  • Во сила од 31.10.2008 година

16. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација  за регулирање на обврските на поранешна СССР спрема Република Македонија во пресметките сврзани со стоковната размена меѓу поранешната СССР и поранешната СФРЈ“ 

  • склучена во Санкт Петербург, на 19 јуни 2010 година.
  • во сила од 25 октомври 2010 година

17. „Спогодба меѓу Република Македонија и Руската Федерација за соработка во областа на железничкиот сообраќај“

  • склучен во Москва на 23 ноември 2011 година 
  • во сила од 10  мај 2012 година

18. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за заемно признавање на документите за образование и научните звања“

  • склучена во Москва на 19 јуни 2012 година 
  • во сила од 19 декември 2012 година

19. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за основање и условите за работа на културните центри “

  • склучена во Москва на 29 јануари 2013 година
  • во сила од 28 мај 2013 година

20. „Спогодба меѓу Владата на Руската Федерациjа и Владата на Република Македониjа за соработка при изградбата на гасоводот-кракот за испорака на гас во Република Македониjа“

  • склучена во Москва на 23 јули 2013 година 

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020